Заев – Саливан: Остануваме посветени на прашањата за мирот и стабилноста

Премиерот Зоран Заев денеска телефонски разговараше со заменикот државен секретар на Соединетите Американски Држави Џон Саливан и изрази благодарност за силната поддршка на САД за време на целиот процес на спроведување на Договорот од Преспа.

 

Како што соопшти владината прес-служба, Заев го запозна Саливан со активностите на Владата на Република Северна Македонија во врска со спроведувањето на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, односно од Договорот со Грција.

 

-Двајцата соговорници за време на телефонскиот разговор се согласија дека успешниот епилог на Договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, е од исклучително значење за двете земји, но и за регионот, наведува прес-службата на Владата.

 

Премиерот  истакна и дека Република северна Македонија останува на својот долгорочен и стратешки интерес за дополнително развивање и проширување на односите меѓу двете земји, особено во делот на економските релации.

 

Заев и Саливан го споделиле заемниот интерес и определба двете земји да останат посветени на прашањата за мирот и стабилноста на земјата и на регионот. Во таа насока, Саливан ја изразил неговата постојана поддршка за Преспанскиот договор и истакнал дека со нетрпение чека да и посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.