Нови садници во Куманово, дел од мерките за намалување на аерозагадувањето

Почна акцијата на кумановското јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ за пејзажно уредување и оплеменување на површините во Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието.
 

Листопадните, зимзелените садници, грмушките и ползавците претпријатието ги обезбедува од сопствениот расадник од село Доброшане. Со оваа акција, претпријатието ја спроведува и програмата за примена на мерки на општина Куманово за намалување на аерозагадувањето во градот.

 

– Се водеше сметка за биодиверзитетот и се засадуваат садници кои се прилагодуваат на условите во урбаната средина, изјави техничкиот директор во претпријатието, Цветанка Ивановска.

 

Последната недела екипите на претпријатието засадија 36 брези на различни локации во урбаните средини во Куманово, четири јавори, над 200 украсни грмушки и 50-тина зимзелени садници. Садниците се насадени долж булеварот „Октомвриска револуција“, улиците „Б.Б. Гуцман“, „11 Октомври“, во жардињерите на булеварите, на градскиот плоштад и на градскиот кеј.

 

– На Спомен костуницата е формиран нов боров насад и се засадени 750 садници од бел бор, изјави Ивановска.

 

Во акцијата што ќе се реализира во пролетниот период, се планира да се засадат 450 листопандици садници јавор, бреза, јасен, врба, 800 зимзелени садници, 650 украсни грмушки, 80 ползавци и околу 10.000 сандаци бел бор на неколку клучни локалитети на Спомен Костурница, Багрем Бања, и на падината под градските гробишта.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.