Три автобуси исклучени заради техничка несиправност во Гостивар

Сообраќајната полиција при вчерашните контроли на возила што спроведуваат јавен превоз на патници открила повеќе неправилности. Откриени се три автобуси со несправни сопирачки и еден возач без возачка дозвола.

 

Од СВР Тетово информираат дека на гостиварското подрачје контролирале вкупно 12 возила (минибуси и автобуси).

 

– Кај три била констатирана техничка неисправност на уредите за сопирање, додека едно од возилата го управувало лице без положен возачки испит, односно без возачка дозвола. Трите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите и правните лица изготвени им се законски предвидените поднесоци, наведуваат од СВР Тетово.

 

На ова подрачје, вчера, откриени се и 11 пречекорувања на дозволената брзина, додека на тетовското подрачје вкупниот број на откриени прекршоци изнесувал над шеесет.

 

Прекршоците во Тетовско заокужени се со 16 прекршочни, 30 мандатни платни налози и 14 писмени опомени. Најбројни прекоршоци биле неприлагодена брзина, односно пребрзо возење, управување без возачка дозвола, непрописно паркирање, истечена регистрација и други.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.