Општина Битола ќе гради пречистителна станица

Општина Битола ја интензивира реализацијата на проектот „Изградба на пречистителна станица со колекторски систем за агломерација Битола".

 

Од Секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека на електронскиот систем за јавни набавки објавен е оглас за склучување договор за услуги за избор на надзорен орган на договор за градежни работи за изградба на пречистителна станица и рехабилитација и надградба на канализациска мрежа во Општина Битола.

 

Вкупната проектирана вредност за проектот изнесува 28,7 милиони евра, а е финансиран од ИПА-2 оперативната програма за заштита на животната средина и климатски промени 2014 – 2020.

 

Според проектираната динамика, изградбата се планира да биде завршена за две години, по што ќе следува едногодишен период на пробно ставање во функција со цел отстранување на евентуални дефекти или други проблеми. Потоа објектот ќе биде предаден на општина Битола.

 

Пречистителната станица, која означува крупен чекор кон заштита на животната средина и комплетна промена во односот кон отпадните води, во првата фаза ќе ги третира отпадните води од Битола и селата Горно Оризари, Долно Оризари и Кравари, додека во втората фаза предвидено е опфаќање и на селата Карамани, Буково, Лавци и Брусник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.