За првпат лицата во старските домови ќе имаат можност да гласаат на претседателските избори

Државната изборна комисија (ДИК) во пресрет на претстојните редовни претседателски избори во 2019 година веќе има изготвено детален оперативен план, а усвоени се најголем број од подзаконските акти што се потребни за спроведување на изборите.

 

Избирачкиот список за претседателските избори наскоро ќе биде ставен на јавен увид и во периодот од 20 дена граѓаните ќе имаат време да видат дали се запишани и тоа дали се запишани со точни податоци и да поднесат ако има потреба соодветни барања до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. МВР го достави последниот извод од избирачкиот список кој во моментов се обработува за да се објави на јавен увид и досега нема никаков проблем со избирачкиот список, изјави денеска претседателот на ДИК Оливер Дерковски и додаде дека првпат како пилот проект на овие избори ќе им се овозможи на лицата во старските домови да гласаат.

 

 

Исто така на овие избори за првпат вечерта по затворањето на избирачките места и сумирање на резултатите, претседателот на ИО ќе го слика записникот и ќе го прати преку вибер апликација до ДИК. На тој начин ДИК брзо ќе ги објавува неофицијалните првични резултати и ќе се спречат одредени намери за преправање на записникот.

 

 

Уште една новина во Државната изборна комисија е и прирачник за едуација на членовите за гласањето во изборниот процес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.