Црвениот крст во Струмица ќе пружа нега на стари лица со попреченост

Десет млади активисти на Општинската организација на Црвен крст од Струмица, едно медицинско лице и еден физиотерапевт ќе пружаат нега на 20 стари лица со попреченост во домашни услови во наредниот период.

 

– Фактот што се повеќе стари и изнемоштени лица над 65 годишна возраст се сами и немаат помош од најблиските го подига алармот за итноста на решавање на проблемот. Исто така, активностите за помош во домашни услуви од страна на медицинското лице, физиотерапевтот и младите активисти се во насока на социјална инклузија на таквите лица и истовремено подобрување на психо-здравствената состојба на постарата популација, рече Маријана Тошева секретар на Црвениот крст во Струмица.

 

Инаку,организацијата е корисник на грант во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, финансирани од ЕУ, имплементиран од УНДП.Проектот е кофинансиран и од Општина Струмица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.