Јапонската амбасада додели грант за набавка на ново возило за смет на ЈП Комуналец-Крива Паланка

Јавното претпријатие “Комуналец” од Крива Паланка потпиша договор за користење грант од амбасадата на Јапонија во земјата, како дел од  програмата за мали грантови за 2019 година.
 
 
Директорот на ЈП Комуналец, Миле Марковски, присуствуваше  на вчерашното свечено потпишување на договорите за гарантирање на која присуствуваа амбасадорката на  Јапонија во нашата земја, Кеико Хонеида, и девет претставници од институциите добитници на грантовите.
 
 
-Вкупната вредност на грантот наменет за  Крива Паланка и нашето претпријатие е во висина од 61.000 евра, а истиот е наменет за набавка на ново возило за смет од марката „мицубиши“, со капацитет од вкупно пет кубни метри. Реализацијата на проектот ќе трае четири месеци, период потребен за набавка и транспорт на возилото за смет. Со набавката на новото  возило ќе се подобри ефикасноста на комуналните услуги, собирањето на сметот од градот и населениете места и значително ќе се подобри техничката опременост и возниот парк на претпријатието, што е повеќе од потребно, бидејќи застарениот и амортизиран возен парк е еден од главните проблеми, изјави Марковски.
 
 
Јапонската амбасада потпиша договори за вкупно  девет  проекти од шест региони од државата, со вкупна вредност од околу 430 000 евра.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.