Зголемен бројот на заболени од грип, досега се пријавени 2.943 случаи

Според новите податоци од ИЈЗ во текот на 7-ма недела од 2019 година пријавени се  2.943 случаи со симптоми на грип, што е за 31% зголемување во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 2.246. Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 21,1% споредено со 7-ма недела од минатата сезона.

 

Како и во текот на сите претходни недели од почетокот на сезоната, така и во 7-ма недела, најголем број заболени 63,2%  се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца е регистрирана кај децата од возрасната група од 0-4 години.

 

Епидемиолозите велат дека регистрираната инциденца од грип е над неделната граница на сезонска активност и зголемена во однос на минатата недела. Процентот на позитивни резултати добиени од вирусолошкиот надзор оваа недела е 64% и укажува на многу висока активност на вирусот на грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на ризични групи.

 

Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се вкупно 19.992 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип, односно 71,4% од вкупниот број на набавени вакцини.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.