Инфраструктурни проекти за развој на рурален туризам во четири општини

Со поддршка на Министерството за локална самоуправана и УНДП, Општините Дојран, Студеничани, Чешиново-Облешево и Кривогаштани успешно подготвија техничка документација за реализација на инфраструктурни проекти за поттикнување на развојот на руралниот туризам.

 

Документите за примопредавање на техничката документација денеска ги потпишаа министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан, градоначалниците на Студеничани и Чешиново-Облешево Азем Садики и Горанчо Крстев и претставниците од Дојран и Кривогаштани Андреј Ангеловски и Сашо Цуцуловски.

 

Се работи за физибилити – анализа и идејни проекти за спа и велнес – центри во општина Чешиново – Облешево во вредност од 369,389 денари. Инфраструктурен и основен проект за изградба на локален пат во Општина Дојран од село Ѓопчели до параглајдерската писта во вредност од 420 илјади денари и инфраструктурен и основен проект за изградба и реконструкција на пешачка патека во Општина Дојран во вредност од 198 илјади денари. Инфраструктурен и основен проект со изградба на локален пат во Општина Студеничани, Преслап – Мала Река во вредност од 510 илјади денари. Инфраструктурен и основен проект за изгрдаба на локален пат во Општина Криовогаштани во вредност од 336 илјади денари, локален пат – Кривогаштани до Петочница, локален пат – село Обрешани до манастир „Пресвета Богородица“ и локален пат од индустриска зона „Славеј“ до археолошки локалитет „Врбјанска Чука“.

 

За малите општините најголем проблем е подготовката на техничка проектна документација. Има најави од Општина Чешиново – Облешево дека благодарение на подготвената техничка документација веќе има заинтересиран инвеститор, а Општина Дојран веќе обезбеди и реализација на втора фаза од проектот.

 

Министерот Фазлиу соопшти дека нивна цел е туристичките потенцијали да ги направат видливи за потенцијалните инвеститори.

 

– На општините да им помогнеме да го направат првиот голем чекор кон обезбедување средства за реализација пред се на инфраструктурни проекти. Тоа ќе отвори нови можности за локалното население да развие мали, семејни бизниси што ќе отворат нови работни места. На овој начин создаваме услови туристичките потенцијали да станат туристички дестинации, а локалниот туризам да има значајно влијание на локалната економија. Тоа нека биде мотив повеќе младите луѓе да останат да живеат и да работат во своите општини, рече Фазлиу.

 

Постојаната претставничка на УНДП Сахакјан верува дека овој пристап за локален развој ќе може да даде значајни резултати. Според неа, општините се клучни партнери на локално ниво кои имаат улога во економскиот развој и во овозможување услугите на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.