Од затвор „Скопје" го потврдија инцидентот со притворените Јанакиески и Ристовски
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 21 Февруари 2019
Од Управата на истражниот затвор „Скопје" во Шутка за МИА го потврдија денешниот инцидент во кој биле инволвирани поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски . Најостро ги осудуваат ваквите вербални и физички инциденти и порачува дека насилството нема да се толерира и оти најостро ќе се санкционира.
Од скопскиот Кривичен суд исто така за МИА потврдија дека денеска се случил физички инцидент во затворот „Скопје" во Шутка, но повеќе детали за учесниците не соопштија.
-До Судот е пристигнато известие за физички инцидент во затворот „Скопје" во Шутка. Судија од овој Суд утре ќе оствари редовна посета на затворот за да констатира што точно се случило, велат од Судот.
Повеќе медиуми денеска објавија дека во физичка пресметка се повредени Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои синоќа им беше одреден 30-дневен притвор во врска со случувањата во Собранието на „27 април".
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс