Зголемен бројот на пациенти на штипското Инфективно одделение

Инфективното одделение во  Клиничка болница-Штип деновиве се полни со пациенти болни од грип. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека на оваа одделение се хоспитализирани 44 пациенти со симптоми на грип.

 

-На Инфективното одделение е зголемен бројот на пациентите и има 44 лица со симптоми на грип. Возраста на пациентите е над 14 години, а според лекарите инфектолози поголем број од пациентите се со компликации на горен и долен респиратен тракт, вели Шуманска.

 

Голем број пациенти во Инфективното одделение во Штип се од Радовиш, каде месецов имало регистрирано 142 заболени со симптоми на грип. Во текот на овој месец на ниво на источен регион се евидентирани 442 пациенти со регистрирана инфлуенца. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.