Македонија најзагадена европска држава според СЗО

Девет од десет луѓе ширум светот секојдневно го дишат загадениот воздух, покажуваат податоците на  Светската здравствена организација (СЗО). Тоа значи дека 91отсто од светската популација живее на места кадешто квалитетот на воздухот е под границите на дозволеното.

 

Се смета дека загадувањето на воздухот директно предизвикува смрт на околу седум милиони луѓе годишно, главно во Азија и Африка.

 

Според СЗО, 25 отсто од срцевите заболувања, 24 отсто од мозочните удари и 43 отсто од болестите на белите дробови и рак на белите дробови може да се „припишат на загадување на воздухот”. Градовите во Индија и Кина се најголемите виновници, но и Европејците се погодени од овој феномен.

 

Според Европската агенција за животна средина (ЕЕА), загадувањето на воздухот во моментов е одговорно за речиси 500.000 предвремени смртни случаи во Европа секоја година.

 

Изложеноста на ПМ честички го намали очекуваното траење на животот на секој човек на континентот во просек за речиси една година, главно поради зголемениот ризик од кардиоваскуларни и респираторни заболувања и рак на белите дробови, наведува СЗО.

 

Европската белодробна фондација (ЕЛФ) вели дека загадувањето на воздухот може да биде исто толку опасно колку и пушењето, и оти живеењето покрај фрекфентна сообраќајница носи ист ризик како и пасивно пушење на 10 цигари дневно.

 

Статистиките на СЗО покажаа дека Источна Европа, особено балканските земји, се смета за најзагаден регион на континентот.

 

Македонија се смета за еднa од најзагадените европски држави со ниво на ПМ10 честички во некои градови што ја надминуваат препорачаната концентрација. Најзагадено урбано подрачје во цела Европа беше градот Тетово. Скопје, главниот град, е ставен на листата од Светската здравствена организација како втор најзагаден град во Европа со најголема концентрација на штетни честички (2.5) во воздухот.

 

Честичките ПМ 2,5 се сметаат за невидлив убиец, бидејќи се толку мали што може да поминат низ „оклопот“ на телото.

 

Во Босна и Херцеговина, исто така, се наоѓаат градови кои се на врвот на најзагадениот дел од Европа, особено градот Тузла.

 

За борба против ова, СЗО ги охрабри земјите да ги регулираат штетните емисии и да забранат возила кои го загадуваат воздухот.. За секојдневниот живот, СЗО вели дека луѓето можат да го намалат загадувањето на воздухот со тоа што немеа да го горат отпадот, ќе рециклирањето, а превозот со велосипед да стане дел од нивната секојдневна рутина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.