Починато лице, затајување, собраќајни прекршоци, пожар, закани и кражби... Долга листа на Билтенот на МВР

На 22.02.2019 година во 09.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива која се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково.
 
На местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ.(29) од Скопје, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било пратено на обдукција.

 

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против К.К.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата". Во периодот од 11.01.2016 до 17.10.2018 година пријавениот, како административен работник кај извршител, од трансакциската сметка на друг извршител, со која располаг неговиот работодавач, префрлил 1.425.956 денари на трансакциските сметки на шест лица, кои се во родниниски врски со истиот. После тоа, од банкомат со нивни платежни картички ги повелекувал паричните средства.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.Б.(20) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување". На 19.01.2019 година, во периодот од 02.30 до 03.15 часот во Делчево, во казино каде пријавениот бил вработен, го деактивирал алармниот систем од сефот на покер апаратите и присвоил 248.000 денари од дневниот промет.

 

На 21.02.2019 година во периодот од 08.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе акциска контрола за техничка исправност на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, контролирани се 80 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, а 62 се упатени во Станица за технички преглед. При контролите констатирани се неправилности, односно кај шест била утврдена неисправност на уред за запирање, кај две неисправен уред за управување, додека кај едно взоило неисправни останати уреди. Преземени се вкупно 18 мерки по горенаведените прекршоци, односно девет се исклучени од сообраќај и издадени се девет прекршочни платни налози. Санкционирани се и 33 остананти прекршоци.

 

На 21 февруари од 08 до 13 часот на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Со контролата вкупно биле опфатени 148 возила, автобуси, минибуси, комбиња и други( ТЕ-72 и ГВ-76 ), од кои 114 упатени се на дополнителен преглед ( ТЕ-57 и ГВ-57 ). При прегледот, кај 27 возила(ТЕ-16 и ГВ-11) била утврдена техничка неисправност на уредите за запирање (сопирачки), кај четири на уредите за управување(ТЕ-4), седум на други уреди (ТЕ-5 и ГВ-2), кај пет неизвршен технички преглед (ТЕ-5) и кај четири некомплетна опрема (ТЕ-3 и ГВ-1). Откриените недостатоци во оваа контрола санкционирани се 49 прекршочни платни налози (ТЕ-28 и ГВ-21), со 5 барања за поведување на прекршочна постапка (ТЕ-3 и ГВ-2) и со 34 исклучени возила од сообраќај (ТЕ-18 и ГВ-16). Во контролата, исто така, утврдени се и 32 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-21), кои адекватно се заокружени со законски предвидените поднесоци.

 

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 21 февруари извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици, при што биле контролирани 449 возачи и возила. При контролата, констатирано е дека 14 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 13 возачи управувале без возачка дозвола, кај три возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Еден возач користел мобилен телефон при управување на возилото, а двајца не користеле сигурносен појас. Нерегистрирани биле осум возила, а додека девет други технички неисправни. 11 возачи се писмено опоменати, а на 38 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, изготвени се и 37 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 23 видови останати прекршоци.

 

На 21.02.2019 година во 12.52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот за село Нерези било пронајдено патничко возило „Фолксваген Поло" со скопски регистарски ознаки, а во негова близина било пронајдено и тело на непознато машко лице. Од извршената обдукција било утврдено дека се работи за лицето Г.А.(35) од Скопје. Инаку, Г.А. беше пријавен за исчезнат на 20.02.2019 година во 23.55 часот.

На 21 февруари околу 15.30 часот во Гостивар од слобода бил лишен М.А.(43) од Горњи Милановац, Република Србија. Полициски службеници извршиле преглед над него и пронашле и одзеле марихуана, по што бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Инаку, по М. А. била распишана и меѓународна потрага од Република Србија.

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе две кривични пријави против лицето А.И.(45) од Куманово за сторени продолжени кривични дела – "злоупотреба на службена положба и овластување", "производство и пуштање во промет штетни средства за лекување", и "даночно затајување", како и против приватна здравствена установа-аптека ШЕНДИ-ФАРМ за сторени продолжени кривични дела – "производство и пуштање во промет штетни средства за лекување" и "даночно затајување". Имено во период од 18.02.2015 година до 29.12.2015 година, како и од 14.01.2016 година до 24.12.2016 година А.И како сопственик и управител на Приватна здравствена установа-аптека ШЕНДИ-ФАРМ, во два наврати од Друштво за трговија на големо и мало веледрогерија ГЕО-ФАРМ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово набавил прво 39701 кутии опијатен аналгетик Tramadol во вкупен износ од 2.404.621,оо денари, а потоа уште 78294 кутија од истиот опијатен аналгетик во вкупен износ од 4.913.652,оо денари, а сето тоа по големопродажна цена за кутија од 57,59 денари по кутија со намера да ги препродаде по многу повисока цена (во малопродажба по цена 83 денари за кутија). Притоа, набавените количини воопшто не ги прикажал во материјалното книговодство, ниту во 2015 ниту во 2016 година, не ги внел во книговодствена евиденција а воедно продажбата на наведената количина не ја извршил преку својата аптека, бидејќи знаел дека овој вид опијатен аналгетик се продава задолжително со рецепт издаден од специјалист. Истовремено пријавениот знаел дека наведениот опијатен аналгетик е штетен по здравје на пациентите бидејќи влијаел на психофизички способности и со негово користење се создава зависност а најчесто е употребуван од зависници на опијати. Инаку, при продажба по малопродажна цена од 83 денари за вкупно 117.995 кутии би се остварил промет од 9.793.585 денари денари или приход од 2.475.312 денари со што би избегнал плаќање на данок од 5% од продадена кутија како и целосно плаќање на данок а на штета на Буџетот на РСМ.

 

На 21.02.2019 година било пријавено дека во Затвор „Скопје", во просторијата за шетање, С.Р. бил физички нападнат од лицето Л.К. (двајцата се лица со мерка „Притвор"). Од службата за обезбедување С.Р. бил пренесен во лекарска амбуланта во склоп на затворот „Скопје". Исто така, на 21.02.2019 година било пријавено дека во Затвор „Скопје", во просторијата за шетање, М.Ј. бил физички нападнат од лицето Е.К.(двајцата се лица со мерка „Притвор"). Од службата за обезбедување М.Ј. бил пренесен во лекарска амбуланта во склоп на затворот. Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

 

На 22 февруари околу 05 часот било пријавено дека во Итната медицинска помош во Кичево бил донесен Д.М.(59) од Кичево кој се здобил со повреди на работно место во фабрика во Кичево. Поради сериозноста на повредите, со медицинско возило тој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо" во Охрид на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 21.02.2019 година во 12.43 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека избувнал пожар помеѓу село Град и село Вирче, на место викано „Трилова корија", при што биле зафатени околу 1,5 хектари пасишта и помал дел од смрека. Пожарот целосно бил изгаснат во 15.45 часот.

 

На 21.02.2019 година во 10.21 часот во СВР Скопје, вработен во МВР – Управни служби пријавил дека во станица за технички преглед на возила на улица „Александар Урдаревски" непознато лице му се заканило дека физички ќе го нападне. Исто така, во 10.26 часот во СВР Скопје, Е.И. пријавил дека на истата локација бил нападнат од полициски службеник, кој работи во станицата за технички преглед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.02.2019 година во 16.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека лицето С.П.(62) со пиштол се заканувал на неговите соседи А.Ш.(64), О.Ш.(41) и О.Ш.(62), сите од Скопје. Тие, додека седеле дома, дошол С.П. и почнал да им се заканува. Тие успеале да го задржат, а полициски службеници го привеле и задржале во Полициската станица Ѓорче Петров. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.02.2019 година во 09.45 часот во Полициската станица Аеродром, К.А.(34) од Скопје пријавил дека на 20.02.2019 година околу 17.40 часот на улица „1613" бил нападнат и каснат од куче, сопстветност на Р.Е. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.02.2019 година околу 07.30 часот во Полициската станица Неготино, В.Л.(55) од Неготино пријавила дека на улица „Ленинова" во Неготино била нападната од неколку кучиња – скитници, при што била касната во пределот на нозете.

 

На 22.02.2019 година околу 02.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(44) од Скопје пријавил дека непознато лице фрлило непозната експлозивна направа кон неговата куќа, по што избегало. била оштетена врата на гаража, дел од ѕидот на куќата, како и патничко возило „Фолксваген Голф", сопственост на Ѓ.С.(72). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.02.2019 година во 21.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на улица „80" во Скопје две непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана со пиштол од вработените го одзеле дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Ф.(38) и 14 годишник, двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво". На 09.02.2019 година околу 19.30 часот во Прилеп, на улица „Сремски Фронт", пријавените одзеле пари и лични документи од А.А.(85) од Прилеп.

 

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријва против М.Д. (22), Д.Г.(21) и М.Т.(19), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство". На 30.12.2018 година околу 00.30 часот во Куманово, кај фудбалскиот стадион на ФК „Карпош", пријавените физички го нападнале М.В.(20) од Куманово. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.М.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи". На 21.12.2018 година во Прилеп, на градскиот плоштад, полициски службеници извршиле преглед на тезга сопственост на пријавениот, при што пронашле и одзеле 2921 парче петарди, додека при претрес во неговиот дом во Прилеп пронашле и одзеле 18545 парчиња петарди.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.