ВМРО-ДПМНЕ: Залудни се обидите на СДСМ да манипулира со јавноста

СДСМ ја урниса демократијата во државата. Македонија стана единствената држава во Европа каде се затвораат, тепаат и малтретираат сите кои не се согласуваат со политиките на картелот предводен од аболицираниот Зоран Заев.

 

На целата македонска јавност и е јасно дека со Македонија владее хунта која не бира начин и средства за да ги спречи политичките неистомисленици.

 

За каква ли истрага зборуваат од СДСМ кога уште веднаш после тепањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски излегоа со лаги и клевети.

 

СДСМ мисли дека со оставката на директорот на Истражниот затвор ќе го забошоти случајот со тепањето на поранешните министри Јанакиески и Ристовски и така ќе избегнат одговорност дека токму власта дозволила да се случи овој срамен и скандалозен чин.

 

Одговорност мора да понесат сите одговорни почнувајќи од Зоран Заев и Рената Дескоска. Случајот не смее се заташка. Јавноста мора да дознае кои се нарачателите и зошто не било спречено тепањето.

 

Залудни се обидите на СДСМ за манипулација со јавноста. Јавноста гледа како власта испишува деспотска и насилничка историја во Република Македонија по примерот на тоталитарни режими како Северна Кореја.

 

Ова насилие граѓаните ниту ќе го заборават ниту ќе го остават да помине без казна. Токму затоа Зоран Заев и СДСМ ќе ја добијат казната од граѓаните уште на претседателските избори, а тоа ќе биде и почеток на нивниот крај кој ќе заврши со неминовни предвремени избори.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.