Членови на хрватско-македонската асоцијација во работна посета на Гевгелија

Претседателот на асоцијацијата „Хрватско-македонска тангента", Сашо Гоергиевски и почесниот член, поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, денеска престојуваа во работна посета на Гевгелија.

 

Во отсуство на градоначалникот Сашо Поцков, кој се наоѓа во Хрватска на прослава на денот на збратимената општина Пазин, гостите во Гевгелија беа примени од членови на Советот на Општина Гевгелија, предводени од советникот Тодор Ристов.

 

Домаќините ги запознаа гостите со економските потенцијали со што располага општина Гевгелија, а гостите се интересираа за можностите нашето вино и квалитетните прехранбени производи да се најдат на пазарот во Хрватска, како и за условите под кои хрватски бизнисмени би можеле да инвестираат во Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.