Во завршна фаза се повеќе проекти во Струмица

Повеќе проекти кои се реализираат во општина Струмица и со кои се подобруваат условите за живот на граѓаните во населените места и во градот се во завршна фаза и се одвиваат според планираната динамика, смета градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Според него, еден од позначајните проекти е изградбата на канализациски системи во вкупна должина од 16.181 метри во селата Дабиле и Просениково.

 

-Околу 40 проценти од овој проект се веќе завршен. Се работи за изведба на примарната канализациска мрежа, која до крајот на годината треба да биде завршена. Овие проекти чинат околу 40 милиони денари и се обезбедени од средства од ИПА фондовите и општинскиот буџет, вели градоначалникот Јаневски.

 

Во населените места Куклиш и Муртино во завршна фаза е преадаптацијата на објекти во сопственост на Општината во клонови на градинката „Детска радост" со капацитет на прифаќање на 86 деца на возраст од 2 до 6 години.

 

-Во моментот се привршуваат градежните и знаетчиските работи. Поставени се инсталации за затоплување, цистерни за користење на гас, во процедура се барања до министерството за труд и социјална политика за да добиме согласности за персонал, односно за неколку воспитувачи и негуватели. Тече и постапката за обезбедување мебел и опрема со што извесно е дека со почетокот на новата учебна година овие градинки ќе бидат целосно комплетирани и ќе може да ги примат дечињата од предшколска возраст, додаде Јаневски.

 

Информираше дека пред некој ден е завршен и мостот на каналот кој што поминува низ населеното место Сачево, кој подолго време граѓаните го спомнуваа како горлив проблем. Станува збор за современ мост со армирана бетонска конструкција со ограда, а се планирани уште два други моста и одредена делница од асфалтниот пат за кои се подготвува проект.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.