Нова снежна покривка во Пијанечко-малешевскиот регион

Жителите на Пијанечко-малешевскиот регион од утрово се под нова снежна покривка.

 

Најмногу снег наврна во Пехчево чија снежна покривка на места достигнува до 10 см, додека најмалку во Делчево каде снежната покривка изнесува најмногу пет сантиметри. Снег има и во Берово, таму снежната покривка се движи во висина од околу седум сантиметри.

 
На повиоските места снег изразито е забележан на планините Голак, Кадиица и Малешевските планини. Снегот не предизвика поголеми проблеми на патиштата, што е потврдено и од информациите на дежурните служби на Македонија пат од каде велат дека патните правци Делчево-Берово и Делчево-Граничен премин се проодни, но апелираат на внимателно возење на патниот правец Делчево-Кочани каде е можна појава на одрони.
 
 
Возачи од утрово велат дека поради снегот забележани се наноси кај превојот Крива Круша кај Пехчево
 
 
Поради снежните временски услови дел од спортските активности на отворено се откажани, додека засега нема најава за откажување на планинарскиот марш кој по повод 75 годишнината од Февруарскиот поход утре ќе се реализира на планината Голак кај Делчево.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.