Снег провејува скоро низ цела држава! Каква е состојбата на патиштата?

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Снег провејува скоро на цела територија.

 

Забрана за тешки товарни возила има на патните правци преку крак Маврово – Дебар и Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато. Во 10:10 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка до граничен премин Деве Баир.

 

Вчера и денес се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Велес – Градско за што се врши промена на режимот на сообраќај.

 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца) од 15.11.2018 до 1.04.2019 година е затворен за сообраќај за сите видови возила.

 

Г. П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

 

На 08.02.2019 годна во 12:20 часот на магистрален пат А4 Скопје – Петровец и обратно поточно на патниот јазол Петровец извршена е трајна измена на режимот на сообраќај на тој начин што е затворен исклучокот од автопатот Скопје – Велес  кој води кон с. Петровец, а се наоѓа пред н.с. Петровец и истиот е поместен по н.с. Петровец. Oд патниот правец Велес – Скопје исклучокот за с. Петровец е поместен пред н.с. Петровец, а затворен е исклучокот кој се наоѓа по н.с. Петровец.

 

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.

-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.

АМСМ предупредува возaчите да пристапуваат внимателно и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.

 

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

 

Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари) – Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

 

АМСМ апелира до учесниците во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.

 

Информации за движење низ ЈАСЕН

 

Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

 

Скопје кон Македонски Брод 07:30 – 08:30 часот и 14:30 – 15:30 часот

 

Македонски Брод кон Скопје 06:00 – 07:00 часот и 16:00 – 17:00 часот





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.