ЈП „Комунална хигиена" – Скопје ќе соработува во насочување на спасената храна од бизнис субјектите кон социјално загрозените граѓани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 23 Февруари 2019
Меморандум за соработка за поуспешна реализација на активностите поврзани со намалување на фрлањето храна на територија на градот Скопје, како и насочување на спасената храна од бизнис субјектите кон социјално загрозените граѓани, денеска потпишаа ЈП „Комунална хигиена"-Скопје псо Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија".
Како што соопштија од јавното претпријатие, со потпишувањето на Меморандумот за соработка, двете страни се обврзаа заеднички да имплементираат активности за подигнување на јавната свест за важноста на нефрлањето храна и изнаоѓањето законска рамка како вишокот храна да стигне до оние на коишто им е најпотребна – гладните и сиромашните.
-На годишно ниво на депониите завршуваат над 5.000 тони употреблива храна, количество што е доволно за секојдневно да се прехранат дури 13.000 луѓе. Моја лична определба е дека храната никогаш не смее да се фрла и се надевам дека наскоро ќе се изнајде институционален начин како да се намали овој голем социјален проблем со којшто се соочуваат многу наши сограѓани, истакна директорот на ЈП „Комунална хигиена"-Скопје, Абдусамед Шабани.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс