Државен натпревар „Прва лего лига" во Штип

Штипскиот Факултет за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев" денеска е домаќин на првиот државен натпревар за „Прва лего лига" во Република Северна Македонија, за деца од 9 до 16 години.

 

На натпреварот учество земаа десет тимови од Кочани, Виница, Струмица, Скопје и Штип. Првите две места одат на регионалниот натпревар што ќе се одржи во Целје, Словенија на 16 март 2019 година.

 

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев"-Штип Блажо Боев, на отворањето истакна дека како универзитет ги поддржуваат ваквите натпревари, на кои на младите им се овозможува да го покажат своето знаење, но и да научат повеќе за нивната идна струка.

 

– Мислам дека исклучително е важно да се развива информатиката и роботиката, во сегментот на иновациите и технологиите, а како сегмент што отвара многу работни места, а со кои се произведуваат и многу компетенции, со кои нашите млади можат да најдат работни места, вели Боев.

 

Ученикот Иван Андонов од Кочани, кој денеска учествува на овој натревар вели дека неговиот тим на проектот работел два месеци, а има за задача како да се надмине депресијата на астронаутите, кога се во вселената.

 

Директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски истакна дека тие како фонд и оваа година ќе ги поддржуваат ваквите натревари, а минатата година финансиски помогнале на тимот ученици да заминат на натревар во Детроит, САД.

 

– Многу брзо ќе излеземе со една иницијатива за основање на посебна програма за финансирање и подрршка на талентирани деца, во која поддршката и организацијата на ваков тип на натревари, секако ќе заземе едно значајно место, вели Деспотовски.

 

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски потенцираше дека како Влада даваат голема поддршка на ваквите натревари, со кои на младите им се развива креативноста и подигање на дигиталните вештини, кои ја даваат основата за добивање на стручен кадар во земјава. Најави дека со поддршка на Британскиот совет во 20 училишта во земјава се спроведува проект за микробит уреди, со кои учениците ги учат основите на програмирањето и на кодирање.

 

-Заради успешните резултати, да се заблогодарам и на Британската Влада кои одобрија дополнителни средства, со што овие уреди ќе се рашират низ сите училишта, вели Манчевски.

 

Пвра лего лига е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма која ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми.  Годинава темата на државниот натпревар  е „Во орбитата" и тимовите треба да идентификуваат физички или социјален проблем, со кој луѓето се соочуваат за време на нивното долгорочно истражување на вселената во нашиот Сончев систем и да предложат решение. Дополнително, тимовите мора да дизајнираат, изградат и испрограмираат робот со користење на Лего миндстормс технологијата, а потоа се натпреваруваат со другите тимови во исполнување на мисии.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.