Практични совети за безбедно возење велосипед

Пролетните температури ги активираа велосипедистите. На скопските улици често може да се сретнат граѓани кои возат велосипеди, но не секогаш практикуваат да се движат во правилна насока или по велосипедската патека.

 

Низ градот може да се сретнат многу луѓе и помлади и повозрасни кои го користат овој период од годината за возење велосипед, за рекреација но и за обавување на некои секојдневни обврски. Експертите велат дека возењето велосипед е здрава и убава физичка активност, но ако сакате да се заштитите во сообраќајот, тогаш мора да се придржувате до некои правила, да ги почитувате советите.

 

Експертите советуваат при возењето велосипед многу е важно да ја држите вашата страна и секоја промена на насоката, да сигнализирате со раката. Иако сте сигурни во вашето возење, потребно е и другите учесници во сообраќајот да го забележат тоа. Со сигналицизација со раката ќе остварите директен контакт и почитување кон другите учесници, ќе го привлечете вниманието со вашето присуство и ќе допринесете за безбедно и удобно возење велосипед во градот.

 

Исто така важно е внимателно да поминувате покрај паркираните автомобили. Бидете внимателни кога на десната страна на коловозот има паркирани автомобили. Често се случува возачот одеднаш да ја отвори вратата и да излезе од автомобилот, а тоа е една од најчестите причини за настрадување на велосипедистите.

 

Уште една важна работа е да бидете осветлени кога возите велосипед во ноќните часови. Доколку немате светла кои ќе укажуваат на вашето присуство, подобро е да не возите навечер.

 

Исто така потребно е да користете лев ретровизор. Тоа ви овозможува преглед на просторот од каде што доаѓа најголема опасност. Кога ќе ги воочите останатите учесници во сообраќајот, во можност сте навремено да завземете безбедна позиција во лентата за движење. Доколку забележите дека ви се приближува автомобил со поголема брзина, можете со рака да дадете сигнал за означување на присуството на патот. Иако е честа слика на улиците возење на велосипед и слушање музика на слушалки, тие две работи едноставно не одат заедно. Треба секогаш да се слушне сето она што се случува околу вас.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.