Гасот пред портите на Кавадарци најдоцна до јули

Гасот ќе стигне пред портите на Кавадарци најдоцна до јули месец, тоа ќе биде четврто или петто градско подрачје во државата кое ќе се гасифицира, беше речено на денешната 22 седница на Советот на општината.

 

Советниците едногласно ја усвоија предлог одлуката за започнување на постапка за гасификација на градот, откако ја слушнаа презентацијата за дистрибутивната мрема за гасификација.

 

-Кавадарци е општина со една од најголемите територии во државата. Но, истовремено мака мачи со загадувањето како проблем и е меѓу најзагадените во Европа. Само во градот има околу 20 илјади возила, рече претставникот на изготвувачот на физибилити студијата.

 

Тој соопшти дека терцијалната мрежа ќе ја чини општината околу два милиона евра, а индивидуалниот приклучок ќе чини од 800 до 2.500 евра. Инвестицијата се враќа за две до три години. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.