Во Битола саем на невладини организации

Меѓународната недела на граѓанското општество во Битола ќе се одбележи со Саем на невладини организации чиј домаќин и организатор на битолската граѓанска организација e СФЕРА Македонија.

 

На денешниот Саем во Битола ќе се претстават Здруженија од Битола кои работат со млади, кои нудат волонтерски можности за граѓаните и кои преку реализација на активности прават промен во општеството, посочи Милчо Дули, претседател на СФЕРА Македонија.

 

-Во текот на минатиот месец направивме истражување меѓу младите за нивната вклученост во локалните здруженија и како тие придонесуваат за промени во градот, но од тој резултат не сме задоволни. Не сме задоволни и од бројката на заинтересирани за пополнување на анкетата како и од добиените резултати за нивната вклученост во секојдневниот живот. Резултатите од истражувањето и дискусијата со младите ќе биде пренесена на интернационална Конференција за активно Граѓанско општество која ова година ќе се одржи во Белград, и каде наш претставник ќе има шанса да пренесе и да слушне искуства од разни држави од светот за нивните локални активности со млади и и нивната вклученост, најави Дули во пресрет на денешниот Саем во Битола.

 

На Саемот во Битола ќе има дискусија и дебата со Блаже Јосифовски, претседател на „Ајде Македонија“ од Скопје кој работи повеќе години на младински инцијативи од граѓани за промена на општеството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.