МВР: Пронајдени и вратени двајцата малолетници што се оддалечија од дом во Велес
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Март 2019
Двајцата малолетници за кои беше пријавено дека се оддалечиле од дом во Велес, се пронајдени и вратени дома, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што претходно соопшти МВР, на 15.03.2019 во 22.00 часот во ПС Куманово, Р.Х.(44) од Куманово пријавил дека неговата 14-годишна ќерка А.Х. се оддалечила од домот.
Истиот ден, околу 21.20 во ПС Велес, Т.Ј.(40) од Велес пријавил дека околу 19 часот, во неговиот дом дошла токму А.Х., која била во љубовна врска со неговиот син А.Ј. (15). А.Х. неколку пати претходно доаѓала во куќата.
Двајцата малолетници му кажале на Т.Ј. дека сакаат да живеат заедно, по што Т.Ј. им кажал дека ќе ги пријави во полиција затоа што се малолетници и не сака да има проблеми со полицијата. По тоа малолетниците излегле од домот.
Веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници на СВР Велес за пронаоѓање на А.Х. и А.Ј. и синоќа (17.3.2019) малолетниците се вратени во домовите, додава МВР во соопштението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс