Поставување фотоволтаици во Крива Паланка со средства од ЕУ

На објектите на двете основни и средното општинско училиште во Крива Паланка ќе бидат поставени фотоволтаични системи. Активноста  се реализира како дел од проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“- финансиран со средства од Европската унија.
 
 
-На барање на Владата на Република Северна Македонија ЕУ обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.
 
 
Во рамки на истата се реализира проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“, со кој ќе бидат поставени фотоволтаични системи во 36 општини на вкупно 108 објекта во државата. Во општина  Крива Паланка се финансира поставување  фотоволтаични системи на објектите на основните општински училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски” и средното општинско училиште  „Ѓорче Петров” , каде веќе е отпочната  монтажата на фотоволтаици, информираат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
 

Иплементацијата на овој проект ќе придонесе за заштеда на електрична енергија во јавните објекти преку користење алтернативни извори за производство на енергија и заштита на животната средина. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.