Нова методологија за плаќање на ѓубрарина за жителите од приградски средини од кумановско

Нов начин на утврдување на цени донесе кумановското јавно претпријатие „Чистота и зеленило“, а се однесува на жителите од приградските средини од Куманово. Директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски, денеска информира дека со новиот начин на наплата кај дел од граѓаните ќе се намалат цените, а кај дел ќе се зголемат цените за плаќање на услугата изнесување и депонирање на смет. Досега жителите од приградските населби плаќаа паушал од 182 денари, без разлика на површината што ја имаат за еднаш неделно изнесување на сметот.

 

– Овој начин на пресметка го правиме со цел да обезбедиме рамноправна положба на граѓаните од вонградежниот опфат и во однос на граѓаните кои живеат во градежниот опфат, како и меѓу нив. Не е фер двајца жители во помала заедница и помал простор да плаќаат исто како и седуммина лица кои живеат во поголем простор. Се надеваме дека претпријатието ќе обезбеди ресурси и ќе може да понуди услуга два пати неделно изнесување на смет, како што е случај во градот, изјави Стојчевски.

 

Паушалот за плаќање од 182 денари претпријатието го склучуваше со месните заедници, што веќе немаат статус на правно лице.

 

Новиот начин на утврдување на цената за ѓубрарина помина на седница и отсега жителите од приградските средини ќе плаќаат два денари за метар квадратен, со тоа што нема да се наплаќа за квадратура над 120 метри квадратни. Според Стојчевски, жителите од вонградскиот опфат ќе плаќаат максимум 240 денари без данок на додадена вредност на месечно ниво.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.