Во Кичево почна со работа нова модерна приватна гинеколошка поликлиника

На свечен начин во Кичево се пушти во употреба нова приватна гинеколошка поликлиника „Ера њу лајф” , која ќе работи во склоп на приватната поликлиника „Ера медика” во сопственост на бизнисмен од Кичево кој живее и работи во САД, Идриз Шабани.
 
 
На чинот на пуштањето во употреба учествуваше и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој ја поздрави ова инвестиција кој како што рече е пример како наши сограѓани со нивните инвестиции придонесуваат за развојот во сите сфери на општеството.
 
 
Додека пак Дехари рече дека ова инвестиција е доказ дека вреди да се инвестира и дека Кичево но и нашата земја воопшто нудаат добри услови за приватни инвестиции во сите сфери , посочи тој по пуштањето во употреба на поликлиниката.
 
 
Во приватната гинеколошка поликлиника „Ера њу лајв” ќе се изведуваат прегледи и дијагностичко-терапевтски интервенции од сите области на гинекологијата и акушерството.
 
 
-Во широката палета на услуги спаѓаат редовни гинеколошки прегледи, следење на нормална и високо-ризична бременост, 4Д ултразвучни прегледи, иследувања на менструалната функција, пери- и постменопаузалните проблеми, како и дијагностички интервенции како ендометријалната биопсија, хорионбиопсии и амниоцентези рече сопственикот Шабани кој додаде дека во моментот само во гинекологија се ново вработени осум луѓе претежно медицински кадар , па така вкупната бројка на вработени во нашата поликлиника достигнува 51, кои се стручни лица од медицинската област.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.