Македонски параглајдеристи победници на меѓународен натпревар во Албанија

Борјан Јованоски од параглајдинг клубот „Делта“ е севкупен победник на меѓународниот натпревар во параглајдерство, дисциплина прецизно слетување, што минатиот викенд се одржа во Џирокастер, соседна Албанија.

 

Во женска конкуренција првото место го освои Александра Уфцеска од клубот „Sky no limit“.

 

На натпреварот учествуваа 40 натпреварувачи од три држави меѓу кои и членовите на македонската параглајдинг репрезентација.

 

–  Ова е одличен почеток на натпреварувачката сезона за македонските параглајдеристи. Веднаш се продолжува со подготовки за следните натпревари, европски и светски купови, се наведува во соопштението од Воздухопловната федерација на Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.