Сите сити: Храната наместо во ѓубре да заврши кај оние на кои им е потребна

Mрежата „Сите сити" изминатава година воспостави систем кој треба да овозможи вишоците на храна наместо во ѓубре да завршуваат кај ранливите категории и семејствата на кои им е потребна.

 

Годинава ситемот е поддржан и од Министерството за труд и социјална политика и Фондот за иновации, со цел да се види неговата одржливост и евентуално да се размислува од привремено да стане системско решение.

 

-Станува збор за систем кој има за цел вишокот храна кој е добра состојба и безбеден да не заврши на депониите, туку да се пренамени онаму каде е неоходен. За големината на промената што ја овозможува зборува фактот што изминатиот период 210 илјади оброци се донираа на повеќе од 3.300 граѓани, рече координаторот на мрежата „Сите сити" Блаже Јосифовски на доделувањето на наградите и признанија на поддржувачите и на волонтерите вклужени во активностите изминатата година.

 

Овој систем треба да ги промени состојбите и фактите кои покажуваат дека Македонија е земја која е на 10 место во светот по фрлање храна, во услови кога околу 460 илјади граѓани живеат под праг на сиромаштија и не можат да си обезбедат три оброци дневно. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска смета дека преку ваквиот систем се постигнуваат два ефекти, помалку отпад и храна во ѓубре, но и помалку гладни во земјава.

 

Според директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, ова е едно од оние решенија кое ни е пред очи, но, како што рече, треба само да ги видиме и храброст да ги предложиме и спроведеме. Со ова, вели, се прави разлика на животот на оние на кои храната им е најпотребна. 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.