Посебен режим на сообраќај за време на одржувањето на градската трка во Берово

По повод доаѓањето на пролетта, во Берово во четврток ќе се одржи градската трка. Како што информираа од Општина Берово, која е организатор на настанот, трката ќе биде во должина од 400 метри, а ќе се реализира низ улиците на градот.
 
 
– И годинава општината за денот на пролетта ќе организира традиционалната градска трка каде ќе учествуваат ученици од основното и средното училиште, но и заинтересирани граѓани. Градската трка, што е во должина од 400 метри ќе започне со почеток во 13:15 часот, со стартна точка од улица „Маршал Тито“ од мостот кај полициската станица во Берово, каде ќе се трча во должина на улицата „Маршал Тито“ до пешачкиот премин, на влезот на деветолетката „ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, известуваат од општината.
 
 
За време на одржувањето на трката, како што известија надлежните од МВР, улицата ќе биде затворена за сообраќај при што ги известуваат учесниците во сообраќајот да ги користат алетернативните улици во градот. Од општината ги повикуваат сите заинтересирани масовно да присуствуваат на овој настан за одблежување на денот на пролетта.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.