„Комуналец“ ги нивелира шахтите во Струмица

Работната единица од Сектор водовод и канализација при ЈПКД “Комуналец“ ги асфалтира и нивелира шахтите на повеќе улици во градот, информираат од струмичкото комунално претпријатие.

 

Додаваат дека шахтите подигнати повеќе од нормалното ниво или пропаднати под нивото на коловозот на сообраќајницата претставуваат секојдневен проблем на граѓаните.

 

– Ваквите шахти се сериозен сообраќаен проблем, што може да предизвика и несакани последици за учесниците во сообраќајот, велат од ЈПКД „Комуналец“.

 

Замената и нивелирање на шахтите ќе продолжи со цел побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во Струмица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.