На регионалниот пат Неготино-Лакавица реконструкција на мостот кај село Пепелиште

На регионалниот пат  Неготино – Лакавица од утре ќе се реконструира мостот на Вардар кај село Пепелиште, поради што сообраќајот ќе се пренасочува по земјаниот пат  Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони, соопшти денеска Автомотосојузот на Македонија.

 

На местото на активностите ќе биде поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација.

 

Сообраќајниот режим ќе трае до завршување на градежните активности.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.