Штипскиот универзитет дел од собранието Western Balkans Alumni Association

Сања Стефанова, координаторот за меѓународна соработка на Универзитетот „Гоце Делчев"(УГД)-Штип е избрана  за национален претставник во бордот на организацијата од две години и ќе ја претставува нашата држава во делот за Едукација, култура, млади и спорт при Европската комисија.

 

 Стефанова заедно со пет Еразмус плус алумни студенти на УГД-Штип  присуствуваа на Првото Генерално собрание на Western Balkans Alumni Association во Тирана, Албанија, кое се одржа викендов.

 

Стефанова информира дека станува збор за иницијатива на Европската комисија што ќе им овозможи на сите студенти од земјите на Западен Балкан кои биле на студиски престој преку  програмата „Еразмус плус" или на некоја друга иницијатива во склоп на „Еразмус плус" да бидат дел од асоцијацијата и да придонесат во развојот на високото образование во регионот.

 

На Собранието учествуваа 170 учесници од земјите од Западен Балкан, каде што дискутираа за предизвиците на програмата „Еразмус плус" и високото образование, генерално. Нашите претставници имаа можност да работат во различни групи и воедно да ги споделат своите идеи за идните проекти во склоп на асоцијацијата, вели Стефанова.

 

Таа додаде дека  студентите од сите факултети на Универзитетот „Гоце Делчев"-Штип  до 29 март имаат шанса да се пријават на Еразмус програмата која нуди можност за шестмесечно искуство на неколку стотици светски универзитети.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.