Се градат згради за месните заедници во селата Тодоровци, Косевица и Моштица

Продолжува изградбата на згради за потребите месните заедници во општина Македонска Каменица. Како што информираше градоначалничката на општината Соња Стаменкова, која изврши увид во градежните активности, освен во село Саса згради за потребите на месните заедници ќе се градат уште во три села.

 

– Денешната посета на неколку селски и приградски средини ја искористив да извршам увид во градежните активности предвидени за изградба на објекти за потребите на месните заедници во општина Македонска Каменица. Во изминатиов период почна изградбата на такви објекти во село Саса, а продолжуваме и во селата Тодоровци, Косевица и Моштица. Истите, како и објектот во село Моштица веќе се во завршна фаза, а денеска отпочнаа градежните активности на објект во Стара Каменица, истакна Стаменкова.

 

Додаде дека склучениот договор за изградба и уредување на објекти за потреби на месните заедници произлегува од реалните барања и потреби на жителите од овие средини.

 

Врз основа на склучениот договор за изградба и уредување на објекти за потребите на месни заедници, општина Македонска Каменица ќе издвои 8,3 милиони денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.