Акција „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка

Еколошка акција за расчистување на општина Крива Паланка насловена „Општина без смет за поубав свет” ќе се реализира во наредните два месеци, а која локалната самоуправа на општината ќе ја спроведува во соработка со граѓанските организации, јавното претпријатие „Комуналец", институции и граѓани.

 

– Од претстојниот викенд ќе започне една поопсежна акција за расчистување на општината, со конкретни мерки од акцијата со која ќе продолжи градењето имиџ на чиста општина која работи на унапредување на условите за живот и заштита на животната средина. Во таа насока претходниот период го опремивме технички јавното претпријатие „Комуналец", набавени се нови возила, половни возила, контејнери и специјализирани садови за селекција на отпад, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

 

Општинскиот координатор на акциите, комуналниот инспектор Бранко Велиновски истакна дека акцијата произлегува на иницијатива на граѓаните, како младинска иницијатива која отпочнувајќи од недела (24 март) ќе се реализира секој викенд (во недела), во следните два месеци на однапред утврдени локации.

 

– Како влезна општина во државата многу е значајно каков впечаток оставаме за посетителите, воедно и исклучително се важни условите за живот и чистата животна средина. Првата акција в недела ќе се спроведе на реонот на Осичка маала и Домачки дол, со населбата Циглана. Ќе се расчистуваат спортскиот терен, јавните површини, дворовите на колективни станбени згради, заеднички простор, уредениот и неуреден дел од Домачки дол, а граѓаните ќе се поттикнуваат да ги чистат своите дворови, подрумите, остави, депонирајќи го непотребниот шут и материјал, како и опасниот електронски и електричен отпад, изјави Велиновски.

 

Акцијата ја покренале младите еко-тимови од училиштата, а се одѕвале и самоиницијативно ќе се приклучат: извидници, спортисти, планинари, пензионери, приватни компании, граѓани, бројни административни работници, здруженија од соседните општини, како „Кумановски акцијаши”.


Конкретно в недела ќе се расчистуваат седум јавни површини, патот кон Златна падина, регулација на Домачки дол и делот без регулација,нас.Циглана, спортски терени во Циглана, во Осичка маала и кај Вавилон, Торанечка зграда, просторот кај извиднички одред и други.

 

Градоначалникот Мицевски ги повика сите граѓани масовно да се вклучат во акцијата. Зборното место е Торанечка зграда во 9:30 часот, а акцијата ќе трае до 13:30 часот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.