Почнува пролетта
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Март 2019
Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува вечер во 22 часот и 58 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Првиот пролетен ден во земјава ќе трае 12 часа и 05 минути. Сонцето изгреа во 5:39 часот, а ќе зајде во 17:44 часот.
Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото.
Летното сметање на времето, пак ќе почне ноќта меѓу 30 и 31 март, кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс