СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не бара алиби за поразот и да го остави независните правосудни органи да ги завршат истрагите

ВМРО-ДПМНЕ да не бара алиби за поразот и да го остави независните правосудни органи да ги завршат истрагите.

 

Соочени со извесниот пораз на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бараат алиби, затоа лажат и се закануваат кон обвинители.

 

Јавното обвинителство е независна и професионална институција која работи согласно законските надлежности и треба да се остави да ги заврши започнатите истраги.

 

Изборни измами беа одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Времето на изборни притисоци и измами заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

 

Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер и слободни престседателски избори.

 

На кристално чисти избори граѓаните ќе изберат претседател за сите, кој достоинствено ќе ја претставува државата, претседател кој ќе гледа и ќе води напред, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски.

 

Наместо да бараат алиби, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Силјановска нека се подготват за изборен пораз.

 

Центар за комуникации – СДСМ

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.