Амбасадорот Пломп и Дехари на изложбата „Спречување на насилен екстремизам" во Кичево

Првата културна активност во рамки на проектот „Јакнење на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам во Македонија" се организираше денеска, во Општина Кичево, претежно од ученици од средните училишта „Мирко Милески" и „Дрита" што вклучува елементи на соработка, комуникација и поврзување на учениците од различно етничко потекло, промовирајќи толерантност, мирен соживот, социјална кохезија и соработка на ниво на култура.

 

Изложбата на тема „Спречување на насилен екстремизам", во Дом на култура „Кочо Рацин" – Кичево, денеска ја посетија амбасадорот на Кралството Холандија во земјата Вилем Ваутер Пломп и кичевскиот градоначалникот Фатмир Дехари.

 

Дехари изрази задоволство што општина Кичево е потписник на меморандумот за соработка со Центарот за заедничка основа, бидеќи, како што рече, ваквите проекти придонесуваат за зајакнување на соживотот во општината.

 

Амбасадорот Пломп изрази задоволство што поддржуваат ваков проект што ги зближува луѓето, каде младите од различни заедници сплотено ја покажуваат својата креација преку организирање на заеднички изложби.

 

Пломп и Дехари потоа доделија и награди на учениците Арменд Алиу и Петар Настески за најдобри фотографии на оваа изложба.

 

Проектот што се спроведува од 15 октомври 2018 до 15 октомври 2020 година од страна на Центарот за заедничка основа, со поддршка од Британската амбасада и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје има за цел да ја поддржи националната стратегија и акциониот план на националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот, преку соработка меѓу локалните актери, вклучувајќи ги граѓанските, верски и младински лидери и локални и централни власти за прашањата на борбата против национализмот и екстремизмот и преку формирање на акциски тимови во заедницата, во рамки на општините Чаир, Гостивар и Кичево.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.