ЈП „Комуналец" од Крива Паланка набави дваесет нови контејнери

Нови дваесет контејнери за собирање смет се набавени за потребите на јавното претпријатие “Комуналец” од Крива Паланка и ќе бидат поставени на повеќе локации во општината, надополнувајќи ги постојните капацитети за собирање и депонирање отпад.
 
 
Набавката ја најави градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, на денешната прес конференција на која беше најавена голема еколошка акција планирана за следните два месеци.
 
 
– Покрај извршената набавка на две современи возила за собирање на смет, ЈП „Комуналец"  во соработка со општината продолжува да работи во делот на снабденост со контејнери и специјални садови-корпи за собирање на смет. Денеска пристигнаа уште дваесет нови метални контејнери со зафатнина од 1.1 кубен метар, што ќе бидат надополнување на веќе набавените конејнери од претходната година. Заедно со вчерашната набавка на возилата за смет, добивме и пет специјализирани садови за селективен отпад стакло и пластика, т.н „зелени стаклени ѕвона" што се набавени во соработка со компанијата „Пакомак", како и триесет садови за отпад што ќе се достават до приватни субјекти и институции за селекција на отпад, изјави Мицевски.
 
 
Мицевски додаде дека ќе продолжат заеднички да работат со ЈП „Комуналец", со цел да се подобри хигиената во градот,  да се олесни процесот на подигнување на отпадот и да се унапреди услугата што на граѓаните им ја пружа ЈП „Комуналец".
 
 
Новите садови се поставуваат на места предвидени согласно оперативните планови на ЈП „Комуналец" и во координација и соработка со стручните служби од општина Крива Паланка.
 
 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.