Од утре градежни работи на патот Неготино – Лакавица, сообраќајот ќе се пренасочува

На регионалниот патен правец Неготино – Лакавица од утре ќе се извршуваат градежни работи на пат, реконструкција на мост на реката Вардар кај село Пепелиште. За таа цел сообраќајот ќе се пренасочува по земјениот пат село Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони.

 

Како што информира АМСМ, на самото место ќе биде поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.