MТСП: Воведуваме надоместок и за жените со обострана ампутација на дојка

Надоместок и за жените кои имаат обострана ампутација на дојка се воведува со новиот Правилник за листата за видовите телесни оштетувања врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на оштетувањата, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

 

Како што појаснуваат од Министерството, досега право на надоместок имале само жените со еднострана и обострана радикална ампутација на дојка.

 

-Воведувањето на ова право од пензиско инвалидско осигурување е на барање на повеќе Здруженија на жени за борба против ракот на дојка, велат од МТСП.

 

Во новиот Правилник што веќе е на сила се воведува и табеларно прецизно утврдување на острината на видот и процентите на телесно оштетување според острината на видот. Исто така, велат од МТСП, е подобрен и целиот текст на самиот Правилник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.