Делчево доби нов Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Се одржа конститутивната седница на новиот состав на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Како што информираше претседателот на ова тело, Николина Петровска Мавродиева, новиот состав на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во иднина ќе се фокусира на спроведување на годишниот план за работа што денес беше усвоен.

 

– Денеска се одржа конститутивната седница како и втората седница на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. На седницата беше избран нов секретар на советот додека на втората седница беа донесени деловник за работа на советот, а усвоена беше и предлог годишната програма за активности во текот на 2019 година. Од поважните активности можам да ги истакнам предвидените акции за подигнување на јавната свест од возачите кон пешаците, истакна Петровска Мавродиева.

 
Додаде дека активностите ќе започнат со спроведување на воспитните кампањи и општински натпревари „Детски семафор“ што ќе се спроведат со учениците од основните и средното училиште во Делчево.
 
 
Годишната предлог програма што беше усвоена на седницата на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ќе биде доставена за усвојување и од страна на Советот на општина Делчево во текот на првата наредна седница.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.