Тридневни повремени прекини на струја во Општина Богданци

Во текот на вчерашниот ден, денеска и утре корисничко енергетскиот центар на ЕВН од Гевгелија најави тридневен повремен прекин во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Oпштина Богданци.

 

Во соопштението на ЕВН се вели дека екипите ќе работат на модернизирање на постојната електродистрибутивна мрежа и дека прекините ќе бидат со времетраење од по два часа, или во трите дена да траат вкупно 14 часа.

 

За потребите на индивидуалните и колективните потрошувачи како и за правните субјекти, ЕВН достави рапоред со тајминг на исклучувањата за да можат да ги планираат своите дејности и да го прилагодат процесот на работа додека трае прекинот во снабдувањето со електрична енергија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.