Еколошката свест на граѓаните на многу ниско ниво

Денот на екологијата 21 март, се одлебежува насекаде со бројни активности во училиштата и во општините.

 

Но се поставува прашањето, дали само на овој ден треба да се спроведуваат еколошки акции? Зошто не се грижиме секој ден во годината за да имаме почиста и здрава животна средина?  

 

Еколозите велат дека брзиот начин на живот и развојот на технологијата предизвикаа човекот се понесовесно да се однесува кон околина и да заборави на одредени важни фактори кои придонесуваат за поздрав живот и поздрава животна средина. Поради тоа, насекаде низ светот започнаа да се појавуваат голем број организации и здруженија посветени на подигнување на еколошката свест на човекот. Според последните истражувања, Македонија е на дното на листата според нивото на еколошка свест. Водечко место на листата за најчиста земја во Европа го има Швајцарија, додека од регионот на високо место се котираат Словенија и Хрватска . Главниот град Скопје оваа година беше прогласен за втор најзагаден град во светот, што претставува застрашувачки факт, а од тоа може да се заклучи дека граѓаниите на Македонија имаат ниско развиена еколошка свест.

 

Се почесто може да се види средина каде што никој не води грижа каде го фрла ѓубрето, односно тоа често се наоѓа до контејнерот за отпадоци или фрлено на улица, директно од автомобилот додека се возиме. Како еден од посериозните проблеми се појавува недостигот на еколошки дозволи и еколошки стандарди на фабриките, како едни од најголемите загадувачи на воздухот, потоа се поголемиот број автомобили во градовите, прозводството на храна во еколошки загадени околини.

 

Нашата држава неколку години наназад почна да спроведува одредни акции со цел подигнување на еколошката свест кај граѓаните, како што се акцијата „Ден на дрвото“ којашто за првпат се појави во 2007 година со цел пошумена Македонија, организирани акции за чистење во помалите општини, поставување на контејнери за селекција на ѓубрето, се појавија различни здруженија и организации, меѓутоа, очигледно, потребно ни е многу повеќе. Треба да се стави поголем акцент на едуцирањето на луѓето во врска со еколошките постапки кои се преземаат.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.