Штип се подготвува да ја слави пролетта

Штип се подготвува за утрешниот празник Свети 40 маченици и Денот на пролетта. Штипјани утре традиционално се искачуваат на тврдината Исар, каде што младите се поздравуваат со 40 лица, а каменчињата ги фрлаат од врвот на тврдината, последното 40 каменче го носат во домовите и го ставаат под перница. Жителите пак на населбата Исар се подготвуваат за гостите, а домаќинките приготвуваат 40 мекици. Оваа традиција на градот Штип прва е влезена на листата на нематеријални добра на УНЕСКО. По тој повод Општина Штип за утре предвидува и низа на активностите во училиштата и најмладите.

 

Билјана Казанџиска раководител на Секторот за јавни дејности во Општина Штип на денешната прес-конференција најави дека по повод Денот на пролетта утре во сите училишта ќе се организираат еколошки акции и чистење на училишните дворови.

 

– Во Домот на млади, со почеток во 11.00 часот ќе се одржи натпревар меѓу училиштата на тема „Загадувачи, прочистувачи-вечни натпреварувачи“, каде што учениците преку излагање на проекти, драмска сцена, пароли, музички точки и рецитали ќе ги претстават своите активности на дадената тема. Целта на настанот е да се подигне еколошката свест кај најмладите и да се испрати порака нашата планета земја биде почисто и поубаво место за живеење, рече Казанџиска.

 

Општина Штип, по повод Денот на пролетта распиша ликовен конкурс за најдобра изработка од хартија и рециклиран материјал, на тема „Пролетта моја вечна инспирација“ На конкурсот ќе замат учество децата со попреченост од основните училишта, Центарот за аутизам, дневните центри и ссредното училиште за специјално образование и воспитание „Искра“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.