Засадени две илјади пролетни цвеќиња во Крива Паланка

Со првиот пролетен турнус  за засадување цвеќе на јавните површини во Крива Паланка се засадени две илјади цвеќиња, љубичици. Активноста ја реализираа вработените во секторот Паркови и зеленило на јавното претпријатие „Комуналец“, а цвеќе е засадено во градскиот парк, на хортикултурно уредени површини во општината и на новите озеленети делови покрај магистралниот пат А2.
 
 
-Покрај оваа прва фаза засадување цвеќе, вработените ги чистат и цветните форми од преостанатиот есенски коров, ги окопуваат и подготвуваат за расадување со нови цвеќа. Во работилница на претпријатието се изработуваат и нови цветни декоративни форми, една во форма на „воз” изработена од дрво поставена во градскиот парк и е атрактивна за најмалите жители на градот, а во останатите ќе бидат доработени и лоцирани на неколку јавни зелени површини, изјави Драги Пејчиновски раководител на секторот „Паркови и зеленило“ на јавното претпријатие „Комуналец“.
 
 
Цвеќиња произведени во оранжериите на претпријатието ќе бидат засадени и во дворовите на јавните претпријатија и образовни институции од општината.
 
 
– Во пресрет на пролетта исчистени беа и двете фонтани, во градскиот парк и паркот на улица „Херој Карпош”, како и украсниот водопад во мајор коритото на Крива Река. Тековно се работи и на отстранување и расчистување на отпадот од јавните површини, дополни Пејчиновски.
 
 
Најави дека во недела ќе биде комплетно завршено редовното пролетно кроење на дрвјата од дрворедот на главната улица “Св. Јоаким Осоговски”.
 
 
Долж улицата има 45 јавори, дел од истите беа искроени пред десетина дена, а останатите ќе бидат завршени претстојниот викенд. Ќе бидат отстранети и гранките што се во близина на канделабрите.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.