Во тек е јавниот повик за доставување иницијативи за урбанистичка документација во Општина Велес

Од Општина Велес ги известуваат сите правни и физички лица дека во тек е јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови и ќе трае до 7 април годинава.

 

Како што појаснуваат од Општина Велес, секое заинтересирано правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави Иницијатива за изработка и донесување урбанистички планови од член 7 став 1, точка 2, алинеја 2, 3, 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма преку архивата на Општина Велес.

 

– Предмет на иницијативата може да биде донесување нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план, појаснуваат од општината.

 

За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма.

 

Средствата за изготвување на потребната документација за прифатените иницијативи треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите.

 

Јавниот повик е објавен во службено гласило на општината, на нивната веб страна, на огласна табла во просториите на општината, во информацискиот систем е-урбанизам и во дневен весник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.