Судот донесе времена забрана за продажба на книгата на Андов „До атентатот и по него“

Основниот суд Скопје-2 донесе одлука за времена мерка, забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“, по тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.

 

Судот донел решение дека во книгата се имплицира вмешаност на поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски во атентатот на Киро Глигоров, поради повреда на личните права на тужителот.

 

Авторот на книгата, кој е и поранешен претседател на Собранието Стојан Андов, во изјава за медиумите вели дека ова преставува преседан и е првпат суд да налага забрана за продажба на книга.

 

Андов истакна дека не очекувал ваква одлука, и оти ќе поднесе жалба доколку има материјални последици по ова решение.

 

Судско рочиште за спорот е закажано за 27 мај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.