Одбележан светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Денес е светскиот ден на луѓето со Даунов синдром, а прв пат е обележан во Сингапур во 2006-та година.

 

Причината што е одбран токму овој ден е симболиката на броевите во датумот. Имено, станува збор за генетско нарушување кое е резултат на вишок хромозом кој настанува во моментот на зачнувањето на детето.

 

Со цел да им се даде пособно внимание на децата со Даунов синдром, во „Детскиот културен центар“ во Карпош денеска се одржа манифестиација, збогатена со многу музика, на која беше објавено дека се подготвува првиот „Центар за Даунов синдром“ во Македонија. Со официјални детали ќе се излезе наскоро, со што јавноста ќе биде информирана за каков центар и активности се работи.

 

Децата со Даунов синдром, во придружба на своите мајки, и баби, десетина дена редовно го посетуваа Детскиот културен центар, каде што се одржуаа пробите за денешниот нивен настап. Пробите ги водеше менторката Сара Кочан, од танцовото студио „Денсерс Јунајтед“ каде што групата на лица со Даунов синдром редовно вежба и освојува награди на меѓународни натпревари.

 

Без поддршката на родителите, овие деца не би можеле да се вклопат во општеството. За разлика од останатите со типичен развој, нив е многу потешко да ги научите сами да се облечат, да јадат, или самостојно да отидат во продавница.

 

Денеска ја прашавме Лидија, мајката на Кристијан, дете со Даунов синдром, како се справува со животот кој и го одредила судбината. Во средниот век за лицата со Даунов синдром велеле дека се ангели, а токму така изгледаа и денеска.

 

Според некои процени, на секои 650 новородени деца, се раѓа едно со Даунов синдром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.