Во Кичево доделени признанија за крводарителство
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 21 Март 2019
Во просториите на општинската организација на Црвениот крст во Кичево денеска беа доделени благодарници и плакети на крводарителите кои во 2018 година се покажале со својата хуманост.
– Несебичното давање помош и поддршка е димензија која човекот го прави човек. Хуманост е да се дарува крв, тоа е непроценлива течност, човечки е да им се помогне на оние на кои што им е најпотребно, особено кога се работи за човечки живот, рече на свеченоста Ивана Лазеска од ОО Црвен крст Кичево.
Во знак на благодарност општинската организација Кичево им додели благодарници и плакети на крводарителите, компаниите и државните институции кои во текот на минатата година придонеле за крводарителството во Кичево, како и на крводарителите со јубилејно 5-то,10-то, 25-то и 50-то дарување
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс